Попоски: Продолжуваме со субвенционирање за граѓаните да се стекнат со сопствен дом

Државата има издвоено над 28 милиони евра за субвенционирање на кредити со кои е помогнато на повеќе стотици семејства да се стекнат со сопствен дом, вели Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со оваа активност. Имаме предвидено сите општини да изнајдат најмалку 100 локации на нивната територија каде може да се реализираат нови куќи и станови и по пат на јавно наддавање со почетна цена од едно евро по метар квадратен да може да се стекнат и со државно земјиште, истакна Попоски.

 
 
04.12.2016 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега