Пишев: Вистинското лице на Заев почнува на 300 метри од центарот на Струмица, населба без елементарни инфраструктурни потреби

Се наоѓаме во населено место кое е многу блиску до центарот на градот или нецели 300 метри, на улицата „Цветан Димов“. Во ова место живеат голем број на граѓани на Струмица, истакна денес Васил Пишев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа населба нема канализација, нема асфалт и нема улично осветлување и при секој дожд околните куќи редовно се поплавуваат , а граѓаните трпат огромни матријални штети..

Ова се основни инфраструктурни потреби на секој граѓанин и е срамно што до сега не е направено ништо.

ulica-strumica

Колку пати до сега имаат лажено до сега дека ова ќе го направат.

Прават уште полошо, се прави насипување на дупките заради зарамување, но тоа дополнително ја влошува ситуацијата. Овие граѓани редовно плаќаат и даноци и комуналии.

pisevvv

-Го имате мојот збор, со победата на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во Струмица на првата седница на советот на општина Струмица овој проблем ќе биде веднаш и неодложно решен, изјави Пишев.

 
 
04.12.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега