Кршеле се со метални шипки - полицијата затекна хаос во Ранковце
Во 19 часот и 10 минути пред продавница во селото Ранковце, поради претходно меѓусебно нетрпение, 27-годишниот Д.И. од селото и 33-годишниот С.В. од селото Радибуш, во еден момент С.В. почнал со метална шипка да удира по возило „Лада Нива“ кое му припаѓа на Д.И.
Од полицијата јавуваат дека насилникот го искршил предното ветробранско стакло и направил надворешни оштетувања на возилото. Полициски службеници излегле на местото на настанот и издале наредба да престане да удира по возилото, но С.В. замавнал со намера да удри полициски службеник.
Полициските службеници успеале да го спречат во намерата и истиот бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа