Познат идентитетот на човекот кој го усмрти Тоше Коцев- партија карти заврши трагично

Велешанецот Тоше К. (43) бил застрелан во понеделник попладне во Велес, по што во тешка состојба бил префрлен во велешката болница, каде што починал.

Полицијата соопшти дека има приведено едно лице, за кое постои сомнение дека го извршило убиството.

 

Според првичните неофицијални информации, Тоше К. цела вечер играл карти со својот пријател Б.Ш. (31), но попладнево се слушнале пет истрели, по што Тоше целиот облен во крв излегол од куќата, а Б.Ш. стоел над застреланиот и држел пиштол. Полицијата веднаш го привела, а тој не пружал отпор, објави Макфакс.

На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес, како и форензичка екипа од Скопје.

 
 
05.12.2016 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега