Познат идентитетот на велешанецот кој испразни цел шаржер во својот пријател
Полицијата соопшти дека има приведено едно лице, за кое постои сомнение дека го извршило убиството кое попладнево се случи во Велес.
Според првичните неофицијални информации, Тоше К. цела вечер играл карти со својот пријател Б.Ш. (31), но попладнево се слушнале пет истрели, по што Тоше целиот облен во крв излегол од куќата, а Б.Ш. стоел над застреланиот и држел пиштол.
Полицијата веднаш го привела, а тој не пружал отпор.
На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес, како и форензичка екипа од Скопје.
05.12.2016 - 21:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа