Страшен пожар беснееше кај Кванташки пазар во Скопје - противпожарните екипи на терен

Пожар избувна вечерва во фабриката за пелети во близина на Кванташки паза, пренесува Курир.

Од МВР за Курир ја потврдуваат информацијата истакнувајќи дека околу 20:20 часот добиле пријава за пожар на улицата „Вера Радосављевиќ“, поточно во фабриката на пелети „Вертиго Дизајн“. Пожарот кој избувнал од засега непознати причини, бил локализиран и изгаснат од 5 против пожарни возила. Повредени лица нема, а според првичните информации целосно изгорел хангарот кој служел како погон за репарирање на еуро пелети, виљушкар и разен алат.

Од полицијата додаваат дека увид ќе се врши во текот на утрешниот ден.

 
 
05.12.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега