Вечерва пукање пред штабот на СДСМ во Струмица - двајца полицајци во болница

Пукање пред штабот на СДСМ во струмичко.

Според информациите кои ги објави Телма, полициски службеници дошле да приведат едно лице кое се сомничело за одредено кривично дело.
Но граѓаните кои биле на местото не дозволиле лицето да биде приведено и го внеле во штабот на СДСМ.

Во турканицата биле нападнати двајца полициски службеници кои со повреди биле префрлени во болница. Тие испукале неколку куршуми во воздух.
Кога дошло засилувањето, осомничениот тврдел дека го приведуваат бидејќи е активист на СДСМ.

Од МВР нема официјални информации, освен потврда дека полицајците се во болница.

 
 
05.12.2016 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега