Милошоски: Не ни треба федерализација и двојазичност

Денеска од Кичево сакаме да упатиме една порака, кичевчани и стружани, најдобро знаат што значи да ја плаќаш грешката на политичарите на сметка на националните интереси. Затоа на овие избори, нас не ни требаат нови федерализации, не ни требаат два јазици, не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои што ги градиме и уште три нови кои што сакаме да ги почнеме, истакна истакна Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Кичево.

Тој посочи дека ни е потребна стабилна политичка клима за да може економијата да ни биде приоритет.

-Затоа апелираме и од Кичево и од Струга, до сите битолчани, до скопјани до штипјани, до велешани, до струмичани. Се работи за Македонија, некои грешки не можат да се поправат и затоа треба сите да работиме за заедничкиот интерес. Ни треба стабилно Собрание со 63 пратеници, да формираме стабилна Влада и да работиме за доброто на државата, без да има други политички кризи. И сигурен сум дека ќе освоиме една победа од која што и народот ќе биде задоволен, а и државата ќе оди напред, заклучи Милошоски.

 
 
07.12.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа