Груевски: Во недела ќе победи Македонија и сите чесни граѓани што сакаат да живеат во неа

Во недела ќе победи Македонија. Ќе победат Македонците, Албанци, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите и сите чесни граѓани кои сакаат да живеат во оваа Македонија, со овие граници, со овој соживот, со ова економско зајакнување што го имаме во минатите години и кое уште повеќе ќе го имаме во иднина.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски на предизборен митинг во скопска Гази баба.

Тој додаде дека секој еден што ја сака Македонија и нејзината сувереност, унитарност во овие граници треба да знае дека зад себе го има ВМРО-ДПМНЕ,  коалицијата „За подобра Македонија“ и него како еден голем поддржувач на оваа, како што рече, независна, тешко стекната држава со многу крв и многу жртви во минатото за да се дојде до денешната слобода, до денешната независност и можност народот да бира кој да биде премиер и кој да биде на власт. 

Груевски потеницра дека денес имаме демократија и  денес одлуки се носат на изборните денови.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ  е партија што работи за сите и што сака да им помогне на сите. На Макеоднци, Албанци,  Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби и сите останати христијани и муслимани.

Порача дека имаме златна држава и оти Балканот не е Швајцарија и оти правењето кантони е последен чекор кон растурање на една држава.

Истакна дека во недела на изборите ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата ќе добијат историски најголемата поддршка од граѓаните на РМ.

Осврнувајќи се на програмата потсети на мерките што се преземени, на намалената невработеност, странските инвестиции, изградените училишта, патна инфраструктура, легалиацијата, еднократниот отпис на долгови.....

Посочи дека ќе продолжат и понатаму да работат . - Важно е дека ќе е продолжи понтаму, Ќе се намалува невработеноста, ќе се рестаритираат стопанските капацитети од време на транзицијата, ќе се изгради клиничкиот центар Мајка Тереза, нови училишта, градинки, електронски систем во училиштата...., рече Груевски и се осврна на проектите во општина Гази Баба и инвестициите кои ќе продолжат во поплавените подрачја во овој регион.

Никола Тодоров  кој е носител на кандидатската листа во ИЕ 2 потенцира дека има уште два дена до 11 декември кога секој од нас ќе избере во какава Македонија сака да живее. - Македонија, рече, за која се бореа илинденците и партизаните, унитарна и суверена или кантонизирана и со поделен идентитет, рече Тодоров. 

- Размислете почитувани Македонци. Јазикиот е основен атрибут на идентитетот, ако јазикот не е еден туку два стануваме билингвална, а тогаш идентитетот ќе биде бинационален. Ако немаме јазик немаме идентитет. Ако немаме идентитет немаме држава. Размислете добро Македонци, порача Тодоров.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш досега стои пред граѓаните со реална и остварилива програма. - Ќе креираме 70.000 нови работни места, проект за рурални развојни зони со голем број бенефиции, продолжуваме со проектот „Купи куќа за млади“ и проект „Купи куќа за лица над 36 години“, зголемување на плати и пензии, еднократната помош за деца без родители, инвестициски циклус во здравството од над 143 милиони евра, изградба на градинки, нови училишта, нови игралишта, локални патишта, атмосферска канализација..., истакна Тодоров.

Според него ова се реални и остварливи проекти и оти реализацијата на програмата ќе ја подобри состојбата во Македонија.

Поддршка на митингот во Гази Баба изрази Мишел Воасин, од Републикснската партија во Франција.

Тој потенцира дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е програма во која е вложен голем напор и се базира на резултатите од 10-годишното владеење.

Ја изрази поддршката за евроатланските интеграции и за придонесот во разрешување на мигрантската криза.

Предизборен митинг коалицијата ќе одржи и во општина Шуто Оризари, а претходно беше во општина Бутел.

 
 
08.12.2016 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега