Скопските средношколци ќе се обучуваат за социјално претприемништво
Во средните училишта на Град Скопје, денеска ќе почне обука по проектот „Младинско социјално претприемништво“. Целта е промоција на социјалното претприемништво кај средношколската младина како и развој на вештини и интерес за развој на социјални претпријатија кај учениците од четврта година во стручните училишта на територијата на Град Скопје.
Проектот е финансиран од Градот Скопје, Сектор за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации во рамките на реализација на активности дефинирани со Стратегијата на Град Скопје за соработка и поддршка на здруженија и фондации за период 2014-2017 година, а логистички е поддржан од Компанијата „Плимонт“ Скопје.
Носител на проектот е Асоцијација за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси во Република Македонија “Женска акција” која се залага за унапредување и заштитување на македонските традиции. Развивање на солидарност за заштита на човековите права и слободи, отфрлање на насилството, комуникација, соработка и солидарност, како и почитување на ненасилните методи како единствен услов за заштита на слободата, остварување на правдата и постигнување на демократска, економска и социјална благосостојба за сите подеднакво.
Развојот на социјалното претприемништво (СП) во Македонија треба да придонесе да се зајакне солидарноста во општеството и интеграцијата на различни маргинализрани групи, да се зајакне општеството со иновативни решенија на социјалните, економските и еколошките проблеми, како и ќе се обезбеди дополнителен придонес кон социјалната сигурност на граѓаните како категарија дефинирана во Уставот на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа