Струмица: Застанал пред штаб на ВМРО-ДПМНЕ и го искинал македонското знаме
Во 17 часот и 30 минути во Струмица на улицата „Димитар Влахов“, во Изборниот штаб на „ВМРО-ДПМНЕ“ непознато лице кое управувало возило „Поло“ со непознати регистарски ознаки, застанало пред штабот и преку отворениот прозор од возилото го фатило знамето на Македонија и почнало да го влече. Полицијата информира дека насилникот притоа ја искршил дрвената рачка на кое било истакнато.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
09.12.2016 - 14:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа