Пациентите со карцином на бубрег за десетина дена бесплатно ќе добијат нов лек на Онкологија

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, согласно програмата за набавка на лекови кои се прва линија за терапија на малигни заболувања, соопшти дека денеска го потпишала договорот со економскиот оператор кој добил во постапката за јавна набавка на лек кој се користи во терапија на метастатски или иноперабилен карцином на бубрег од светлоклеточен тип.

Со тоа, наведуваат од Агенцијата, сите пациенти кај кои е дијагностицирана оваа болест и имаат потреба од овој лек, за десетина дена ќе го добијат бесплатно на Клиниката за онкологија. 

 
 
09.12.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега