Димовски: Глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи сигурна држава

Граѓаните на Велес секогаш знаеледаносат вистински одлуки во вистинско време. Убеден сум и дека на 11 декември повторно ќе ја донесете вистинската одлука и ќе го заокружите бројот 1 на изборната листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочи денес Илија Димовски, носител на листата во изборната единица три на ВМРО-ДПМНЕ.

-Гласот за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи развој на економијата, повисок животен стандард, вработувања, подобрена инфраструктура, инвестиции во здравството, енергетскиот сектор, културата, спортот, туризмот, субвенции за земјоделците, проекти за младите, развој на руралните средини, поддршка на пензионерите. Вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи сигурна држава, стабилна и посветена на мирот и благосостојбата на сите граѓани, а ќе биде јасно против двојазичност, промена на Устав и уставно име, воведување на некаква кантонизација, истакна Димовски.

Тој додаде дека од Велес ќе тргне победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, но и победата на Македонија.

 
 
09.12.2016 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега