Прво апсење за изборен криминал
Вечерва прво приведување во врска со изборен криминал. Според последните информации 4 лица од Кочани биле фатени како купуваат лични карти од гласачи за тие да не излезат на гласање во недела. Кај нив биле пронајдени списоци со имиња и суми на пари кои треба да бидат исплатени.
На две од оштетените лица тие им понудиле износ од 1.000 енари за да ги продадат своите лични карти. По наредба на Основното Јавно Обвинителство лицата се приведени во полициската станица во Кочани.
Неофицијално, приведени се членови и активисти на СДСМ.
09.12.2016 - 22:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа