Од понеделник студ, а од вторник не очекува...

Пад на температурите и слаб снег најавуваат метеоролозите од понеделник и вторник.

Од УХМР информираат дека студена воздушна маса од север ќе услови засилен северен ветер, особено од понеделник попладне. На места ќе провејува слаб снег, а дневната температура од вторник позначително ќе опадне.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од -9 до 0 степени.

 
 
10.12.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега