Вооружени напади во позната скопска обложувалница - вработените во шок

 

Две кражби се случиле вчера во сортската обложувалница „Спорт Лајф. Според информациите на МВР, вчера во 18,10 часот било пријавено дека во 17,40 часот на ул.„ Благоја Стефковски“ поточно во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработената го одзело дневниот промет, но како ова да не било доволно во  20,30 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“, повторно била ограбена  обложувалницата „Спорт Лајф“ каде непознато лице со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите  и целосно расчистување на двете кражби. 

 
 
10.12.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега