Обоени со црн спреј два автомобили во Неготино

 

 

Два автомобили сопственост на едно неготинско семејство биле обоени со црн спреј  во текот на изминатата ноќ, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Случајот утрово во  7:50 часот телефонски  го пријавила 45 годишната  Г.Ј.  од Неготино, во неготинската полициска станица.

- Во пријавата е наведено дека дека на улица „12-те Ваташки Другари“ пред куќен број 25 во Неготино, во временскиот период од 01:00 часот се до моментот на пријавување, од страна на непознато лице извршено е оштетување на два патнички автомобили „пежо 206“ и „опел астра“. Автомобилите во  сопственост на пријавителката и нејзиниот сопруг,  на повеќе места биле обоени со црн спреј, соопшти Стојковска.

Полициски службеници извршиле увид на лице место, се превземаат мерки за целосно расветлување и документирање на случајот. 

 
 
11.12.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега