ФОТО: И Павле Трајанов излезе да гласа

Граѓаните ќе гласаат за промени и ќе се случат промени во Република Македонија, рече денеска по гласањето  лидерот на ДС и носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 од Колаицијата за промени и правда Павле Трајанов.

- Според сите проценки денеска имаме референдумско изјаснување на граѓаните. Од утре битно е сите заедно да градиме единство, со цел да изградиме платформа за помирување меѓу левицата и десницата, за да престанат поделбите во Македонија, истакна Трајанов.

Порача сите заедно да ги засукаат ракавите и да работат на стабилизирање на состојбите и да се врати животот во Македонија.

- Мора да градиме систем во кој ќе владее правото, а тие што го кршеле Уставот и законите да понесат одговорност. Се надевам дека никој нема да се обиде определбата на граѓаните да ја сруши во текот на денот, а резултатот треба да бидат одраз на реалната и вистинската определба на граѓаните, изјави Трајанов.

Според него, до крајот на денот не очекува дека нешто ќе се случи, иако, како што рече, се слушаат разни дезинформации.

 
 
11.12.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега