ДЕТАЛИ за тешката сообраќајка кај Лешок: Малолетник со „BMW“ се заби во „Chevrolet“ - 6 лица повредени
Шест лица се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово - Јажинце во близина на селото Лешок, пренесува Телеграф.
Фото: Телеграф.мк
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 16:10, а во неа учествувале две патнички возила, од кои едното „BMW“ со тетовски таблички управувано од 16-годишен малолетник од Слатино и „Шевролет авео“ со тетовски таблички управуван од 28-годишниот М.А. од Џепчиште.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот и по итна постапка е префрлен на скопските клиники.
Жената, нејзините две деца и сопатникот биле пренесени во тетовската клиника. Кај едно од децата се констатирани тешки повреди а потешко е повреден и работник на бензиската пумпа кој се здобил со скршеница на ногата.
Увид на местото по наредба на Јавен обвинител извршила екипата на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е преголема брзина.
Двете возила се видно оштетени а малолетникот најверојатно немал ни возачка дозвола и возилото кое го управувал не било регистрирано.
Се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа