Несреќа на македонските патишта - прегазено 18-годишно девојче
Осумнаесет годишната М.Ј. од Теарце вчера била прегазена на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во Теарце
Од СВР Тетово информираат дека во девојката околу 19 часот удрил автомобил „Шкода Фелиција“ со тетовски таблици, што го управувал 51-годишнииот И.С. од Одри.
-Во несреќата, М.Ј. задобила телесни повреди и со друго возило пренесена е и задржана во тетовската клиничка болница за натамошно лекување, стои во соопштението од СВР Тетово.
По извршениот увид се расветлува причината за несреќата и другите поединости.
Првично, причина е невнимателно преминување на коловозот, а материјалната штeта се проценува на 5000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа