Македонската полиција го најде исчезнатиот тинејџер - се отрул со апчиња па си ги пресекол вените

Исчезнат велешанец по кој полицијата трагала долго време, е конечно пронајден и спречен да си го одземе животот. Според податоците од полицијата, триесетина минути по полноќ на улицата „Гоце Делчев“, 19-годишниот Н.Д. од Чашка, велешко, кој се водел како исчезнат, се качил по скалите од дрвена куќарка, по што испил две ленти таблети „аналгин“, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете.

Тој се решил да си го одземе животот откако се скарал со неговата девојка од Прилеп.

Тој на 10. месецов избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“. Сега е во болница.

 
 
12.12.2016 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега