Тешка сообраќајка во тетовско - повредени дете и маж

Вчера околу  15.40 часот на регионалниот пат с.Јажинце-Тетово, во с.Лешок се случила сообраќајна незгода помеѓу возило марка „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од с.Слатина, автомобил „Шевролет Авео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.М. д с.Џепчиште и пешак 27-годишниот А.З.  од с.Шемшово. Во незгодата шеснаесетгодишникот  се здобил со тешки телесни повреди по што е пренесен во болницата во Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентниот центар. Со тешки телесни повреди  се здобиле  А.М и четиригодишно дете, сопатник на возилото „Шевролет Авео“. Истите, по укажаната лекарска помош во болницата во Тетово,  биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово.

 
 
12.12.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега