Карамбол во Скопје: Се судрија 4 возила, двајца во болница

Страшна несреќа се случи во Скопје, во 09 часот и 30 минути на крстосница од булеварот „12-та Македонска Бригада“ и улицата „Арх.Сотир Томовски“. Како што информираат од полицијата, возило „Митсубиши Спејс Ранер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот И.Г. од Скопје, се судрило со „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Б.И. од селото Идризово и „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот И.Т. од Скопје, како и паркирано возило „Шевролет Матиз“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од страна на 45-годишниот З.Н. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле учесниците Б.И. и И.Г. од кои Б.И. бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, додека И.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар Скопје каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на СВР Скопје.

 
 
12.12.2016 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега