ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува новата Влада

Откако Државната изборна комисија прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, членовите, симпатизерите и поддржувачите победата ја прославија пред седиштето на партијата во Скопје, каде им се обрати лидерот Никола Груевски, кој рече дека треба што поскоро да се формира новата влада.

„Оваа победа е заедничка победа на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ но и на сите граѓани на Македонија. Без вас немаше да победиме денеска иако се почека подолго да ги чуеме конечните резултати сепак еве доцна навечер ДИК ги објави иако со невообичаено доцнење. На крај најдоа сили да ги објават конечните резултати со кои се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиција однесе десетта победа и поддршка од мнозинството граѓани на Македонија“, рече Груевски.

Во меѓувреме, додаде тој, имаме и честитки од високи претставници на ЕУ кои ја честита победата и од опозицијата побараа да биде актива а од нас да формираме влада.

 

„Ќе пристапиме веднаш кон преговори за формирање на влада и конечно да заврши кризата, бидејќи на народот му е преку глава од кризата. Да се вратиме на патеки од економија отворање на нови работни места, проекти со кои ќе се решаваат сите проблеми на граѓаните. Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните. СДСМ во желба да не победи внесе многу гнев и јаз помеѓу македонскиот народ и граѓаните на Македонија и различните етнички заедници. Јас лично и новата влада ќе работиме на намалување на тој јаз и заедно сите граѓани на Македонија ќе ја градиме Македонија како земја со поголеми работни места стандард и држава која ќе се движи кон Европската унија. Благодарност, без вас ова немаше да биде можно“, рече Груевски.

 
 
13.12.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега