Пукање во Гостивар

Во 23 часот и 30 минути на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, од страна на полициски службеник кој бил на редовна работа, биле слушнати неколку истрели од огнено оружје испукани од непознато лице.

Увидна екипа од полицијата од Гостивар излегла на местото на настанот и пронашла две чаури, од кои една на улицата и втората под возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

Истите биле подигнати за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
13.12.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега