Амбасадата на САД реагира: Неточни тврдењата дека американскиот амбасадор се меша во работата на ДИК

Од Амбасадата во САД се огласија по Предвремените Парламентарни избори во Македонија, на кои ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник, додека СДСМ 49 во македонското Собрание. Од таму велат дека се неточни тврдењата дека американскиот амбасадор се сретнал или посетил некој од членовите на ДИК.

- Моравме да се огласиме по некои неточни тврдења дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или заговори. Дозволете да се исправат невистините и да се знае дека амбасадорот на САД не се сретна, не посети никој и не интервенираше со било кој од Државната Изборна Комисија, стои во соопштението од Амбасадата.

Во таму додаваат дека САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен и вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони.

Инаку, според првичните резултати од изборите што ги објави ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Алабнците три, а ДПА два. 

Инаку, во неделата на 11. Декември, се гласаше во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една - седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство. Право на глас имаа 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. 

 

 
 
14.12.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега