Подгответе посна сарма за најголемата куќна слава во Македонија - Св. Никола
Потребни состојки
1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
суво нане
црвен пипер
250 гр. масло
Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.
Свети Никола е посна слава која е една од најчестите куќни слави во Македонија. Верниците ја прославуваат на 19 декември, во понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа