Во Велес нагло зголемен бројот на заболени од сезонски грип

Според податоците на ЈЗУ Завод за здраствена заштита во Велес, нагло е зголемен бројот на заболени од грип. Во оваа медицинска установа регистрирани се 22 болни од грип кои се од сите возрасти, а меѓу кои и деца од школска возраст, истакна епидемиологот д-р Билјана Трајкова.

Таа потенцира дека во изминатите недели имало по еден најмногу до двајца заболени. Воедно апелира до граѓаните на претпазливост бидејќи сезонскиот грип е лесно пренослив во непосреден контакт со заболен.

– Инаку, годинава сезонскиот грип стартуваше нешто порано, уште на крајот на ноември, а за разлика од минатите години кога сезоната на грип започнуваше во средината на јануари. Секоја година најмногу заболени се регистрирани во месеците јануари, февруари и март посочи Трајкова.

Таа додаде дека најдобра заштита од оваа болест е вакцинацијата, а со која оваа есен се вакцинирале 1.100 велешани, главно повозрасни и хронично болни, но имало и помлади.

 

 
 
16.12.2016 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега