Стефановски до ДИК: Не подлегнувајте на притисок од центри на моќ, македонскиот граѓанин нема да дозволи да се поништи неговата волја!

Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија е искрена. Генерации војници, генерации Македонци, генерации фамилии, го дадоа животот за оваа Македонија, за да некој така лесно и така едноставно ја раскрчмува- нема да дозволиме, нема да помине!

Ова го истакна Сашо Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

-Сега ќе им се обратам на сите во оваа зграда- да не дозволите да подлегнете на притисок од центри на моќ кои ќе ве убедат да направите нешто против волјата на македонскиот граѓанин, нема да го дозволиме тоа. Нема играчка со овој народ, порача Стефановски.

 
 
16.12.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега