ЈО Гостивар ќе оформи предмет за случајот со потписот на Фатиме Сулејмани

ѓ Јавното обвинителство на Република Македонија активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои се оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Како што соопштуваат, во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име.

- Надлежниот обвинител, како што наведуваат, ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас.

Од ОЈО посочуваат дека предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.

 
 
16.12.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега