Убедлива победа на Работнички над Пелистер

Лидерот на табелата во Првата кошаркарска лига Работнички оствари убедлива победа на првиот натпревар од 6.коло совладувајќи го во салата „Градски Парк“ битолски Пелистер со 90:53 (16-7, 24-20, 32-14, 18-12).

Најефикасни кај победникот беа Владо Илиевски и Ник Вигинс со по 19 постигнати поени, додека кај битолчани најмногу се истакна капитенот Ѓорѓи Анакиевски со 15 поени.

Утре се играат два натпревара: Вардар – Куманово и Струмица – Фени Индустри, додека во недела ќе биде комплетирано колото со дуелот Кожув – Охрид.

Табела: Работнички 12 бодови, Фени Индустри 10, Куманово 8, Кожув 8, Пелистер 8,Струмица 7,  Охрид 6, Вардар 5.

 
 
16.12.2016 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега