ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нека не ве лаже сонцето - Македонија мрзне

Денеска е среда, 21 декември 2016 година, 356-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути,  а ќе зајде во 16 часот и 5 минути.

 

Денов трае 9 часа и 7 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ова деноноќие нема да изгрее, а ќе зајде во 11 часот и 52 минути

Времето во Македонија ќе биде сончево и ведро. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од три до девет степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево и студено со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до четири степени.

 

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

 
 
21.12.2016 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега