Повторно одложено судењето на Павле Богоевски

Кандидатот за пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, денеска требаше да седне во обвинителната клупа за дивеењето на Шарената револуција. Сепак, третото судско рочиште повторно беше одложено денеска, бидејќи неговиот адвокат Сашо Дуковски од лични причини беше отсутен.

Богоевски се товари за нанесување штета на фасадата на Министерството за култура за време на протестите од шарената револуција. Претходното рочиште се одложи на барање на одбраната, за да го разгледа вештачењето за штетата.

Наредно судење е закажано за 30 јануари 2017.

 
 
21.12.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега