Додовска: Очекувањата на СДСМ се сведуваат на теоријата на фантомски гласови која тие ја промовираа

Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека очекувањето на СДСМ за промена на бројот на мандати се сведува на теоријата на фантомски гласови, која патем ја промовираше СДСМ.

-Сметам дека прегласувањето кое треба да се одржи на едно избирачко место, според прифатената тужба од СДСМ од страна на Управниот суд, во конкретниов случај во избирачко место во Теарце во ништо нема да го промени финалниот исход кој го освоија политичките партии на изборите на 11 декември. Се работи за избирачко место каде што сите политички партии имаат свои поддржувачи и свои стандардни гласови. За да се случи било каква промена во освоените мандати во шестата изборна единица хипотетички би требало сите гласачи да гласаат само за СДСМ, со што би освоиле 400 гласа и би успеале да го променат изборниот резултат. Таква можност се исклучува бидејќи на 11 декември СДСМ освои помалку гласови од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ т.е. околу 80 гласови. Очекувањето за промена на бројот на гласови се сведува на теоријата на фантомски гласови која патем да ве потсетам ја промовираше СДСМ, вели Додовска за КУРИР.

 
 
21.12.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа