Жители на Теарце го кажаа своето: На денот на избори се беше демократски и фер (ВИДЕО)

Жителите од населените места каде опозициските партии бараат прегласување се изненадени, велат дека овие избори поминале во мирна и демократска атмосфера-ниту виделе, ниту пак,слушнале дека имало нерегуларности и проблеми. Едно од тие места е и Теарце.

-Немало инциденти, фер.

-Ништо, ништо немаше, сè во ред беше фино, баш ми се допадна овој пат. Никаква галама, ништо. Се фино пројде.

-Добро, сè демократски, велат анкетираните.

Екипа на телевизија Алфа на денот на изборите беше токму на едно од избирачките места во Теарце, за кои беа поднесени приговори, а сега е донесена одлука да се прегласува. Тогаш од одборот за Алфа изјавија дека гласањето тече нормално, без никакви забележани проблеми и нерегуларности.

-Гласањето започна точно во 7 часот, се одвива најнормално нема никакви проблеми. На нашето избирачко место имаме 714 гласачи, изјавија од избирачкиот одбор на избирачкото место 2011.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

 
 
21.12.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега