Општина Велес се откажува од новогодишни прослави, парите ќе се донираат за хуманитарни цели

Локалната самоуправа во Велес оваа година нема да организира прослава за одбележување на Новата Година. Одлучено е планираните средства да бидат донирани во хуманитарни цели.

-За таа потреба од Центарот за социјални работи побарани се информации за оние семејства кои имаат најголема потреба од помош во пресрет на претстојните празници. Ова денес на прес конференција го изјави градоначалникот Славчо Чадиев најавувајќи ја новогодишната хумантиарна акција на Општина Велес. Во донацијата ќе се вклучат и вработените од општинската администрација кои со својот придонес ќе се обидат да ја збогатат празничната атмосфера на повеќе наши сограѓани. Ваквиот позитивен пример се очекува да го следат и многу други институции низ државата кои со своите хумани гестови ќе покажат дека ранливите категории граѓани никогаш нема да бидат заборавени, велат од Општин Велес.

 
 
21.12.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега