Термо изолационата иновација „ТермоСтоп” обезбедува 30-50% заштеда на енергија во период од 10-15 години

Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла

 Македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија создаде иновативен високо квалитетен термоизолационен производ „ТермоСтоп” кој претставува вистинско изолационо чуд. Овој производ добиен е по Нано технологија изработен според најновите истражувања на врвни домашни експерти http://metalotehnika.mk/#

Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеда најмалку 30 - 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години.

Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.

 

Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн.  Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни сидови, но и за внатрешни сидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење. Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. бидејќи е на Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во период на зима, до температура од минус 5 степени, само да не замрзнува производот водена основа.  info@metalotehnika.mk

 
 
21.12.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега