Отворен првиот Центар за слепи лица во Црвениот крст на Македонија

Прв Центар за поддршка на лица со оштетен вид во Македонија, кој преку работилници за здравствена заштита, образование и психо-социјална едукација ќе дава поддршка на слепите лица, денеска беше отворен во просториите на Црвениот крст на РМ, а финансиран од УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите.

Според секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Т. Пауновска целта на Центарот е да се обезбедат социјални сервиси, услуги и услови на лицата со оштетен вид и нивните семејства и да им се олесни животот и финкционирањето во општеството. 

 

- Сметаме дека општеството треба да даде еднакви можности за сите луѓе. Сите заедно можеме да ги искористиме капацитетите на лицата со оштетен вид и заедно со сите останати да придоесеме во заедницата во која жевееме да биде подобро место за живот, истакна Пауновска.

 

Информира дека во Центарот, слепите лица ќе имаат можност да користат материјали кои ќе бидат испечатени на Браево писмо, на македонски и албански јазик.

 

Директорот на канцеларијата за развој во УСАИД Едвард Гонзалез истакна дека луѓето со пречки во видот се многу талентирани лица и со нивната вклученот, според него, целото општество ќе постигне напредок.

 

Лицата со оштетен вид сметаат дека со отворањето на Центар ќе се унапреди и олеснинивниот живот во Скопје и Македонија.

Центарот ќе работи од понеделник до петок од 9 до 17 часот, а со слепите лица ќе работат тимови од волонтери на Црвениот крст во соработка со Националниот сојуз на слепи лица во Македонија. Во Македониа околу 2.300 луѓе кои се слабовидни, а од Црвениот крст најавија дека е во план и отворање на вакви центри во други градови во нашата држава.

 
 
21.12.2016 - 15:41
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега