За економски развој на Битола догодина 28 милиони денари

Вкупно 28 милиони денари од кои 25 милиони за градежни објекти, предвидува Програмата за економски развој на Општина Битола за 2017 година.

Како што информираат од Општината, Програмата е континуитет на работите што треба да бидат завршени во следните 12 месеци.

 

– За улици и патишта се планирани 11,5 милиони денари, за мостови 500.000 денари, а за колектори и пречистителни станици 7,2 милиона денари. Во програмата, 300.000 денари се издвоени за  споменици, а околу 1,5 милиони за проекти за водоснабдување, посочуваат од локалната самоуправа.

 
 
22.12.2016 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега