Никовски: Преку колумната на Тимоти Лес надворешниот фактор му испраќа опасна порака на Балканот

Колумната на британскиот дипломат Тимоти Лес во која се заговара кантонизација и федерализација на Македонија е опасна порака која надворешниот фактор му ја испраќа на Балканот, сметаат аналитичарите.

Според нив, идеите за прецртување на границите водат само кон дестабилизација и конечен крај за Македонија како држава.

 

Колумната на Лес доаѓа во време кога опозицискиот лидер Зоран Заев за да ги добие гласовите на албанското малцинство во Македонија во периодот пред изборите ветуваше двојазичност, кантонизација и федерализација. Позициите на Заев се идентични со оние во колумната на Лес, а тоа, според Никовски, не е никаква коинциденција.

 

Тимоти Лес во својата дипломатска кариера вршел повеќе функции во амбасадите низ Балканот а бил и секретар на британската амбасада во Скопје. Важи за добар познавач на состојбите на Балканот а предавал источноевропска политика и на универзитетот во Кент.

 
 
22.12.2016 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега