Конечно ќе му се радуваме на снегот, еве кога ќе затропа на нашиот праг

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во следните два дена ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.

Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.

 
 
22.12.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега