ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство

Споделувајќи ја загриженоста на Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа.

– ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на партијата.

 
 
22.12.2016 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега