Новоименуваниот јапонски амбасадор Кијоши Коинума во посета на Велес

 Во прва официјална посета на Општина Велес и воопшто на една македонска општина попладнево беше новоименуваниот јапонскиот амбасадор во Македонија, Кијоши Коинума, кој на функција ќе стапи од јануари 2017, а беше  заедно со неколкучлената јапонска делегација на Амбасадата.

По средбата и разговорите во седиштето на локалната власт на својот домаќин  градоначалникот Славчо Чадиев, амбасадорот Коинума и неговата делегација се упатија кон заедничката зграда на три велешки училишта, а каде со посредство на грант договорен со Јапонската амбасада вреден 53,884 евра беа заменети старите со  два  нови парни котли  за греење и беа обновени 20 толети во зедничката зграда.

Во оваа зграда учат околу 800 ученици од три велешки училиште ООУ „Благој Кирков“, ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ , а  во чии рамки  има и училишен интернат. По увидот на зградата и на изведените реконструкции, амбасадорот Коинума за медиумите изјави дека е задоволен од реалзираниот проект.

- Јас сум среќен што  видов дека со овој наш проек се подобрени условите за изведување на наставата во овие три училишта. Воедно оваа успешна соработка со Општина Велес ќе настојувам да продолжи  со нови проекти, најави Коинума.

Градоначалникот Чадиев во изјавата за медиумите искажа благодарност до амбасадорот Коинума и Јапонија за грантовите кои им дале поддршка за велешките училишта и очекува успешната соработка да продолжи и понатаму.

Чадиев воедно информира дека во изминатите две-три години со грантови  добиени со посредство на Јапонската амбасада во Виена, вработени во Општина Велес биле испратени на тримесечна едукација во Јапонија.

Средства од овој грант кој е дел од програмата за поддршка на мали проекти Japanese Grant Assistance for Grasсроотс Human Security Projektс (GGP), чиј износ е од околу 260 илјади евра, добија и општините Центар Жупа и Демир Хисар, како и Клиниката за радиологија во Скопје. 

 
 
22.12.2016 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега