Хуманитарната акција „Денови на солидарност за најмладите“ во Прилеп

На повеќе пунктови во Прилеп денеска и утре за првпат се одвива хуманитарната акција „Денови на солидарност за најмладите“.
Приелпскиот градоначалник марјан Ристески, кој посети еден од пунктовите, истакна дека ацијата која ја организира локалната самоуправа со општинската организација на „Црвеникот крст“ успешно се реализира.
- Голема благодарност на сите сограѓани кои ќе се вклучат во акцијата. Не се сомневам во големиот одзив затоа што кај прилепчани отсекогаш е присутен хуманиот аспект. Собраните пакетчиња во соработка со меѓуопштинскиот Центар за социјални работи ќе бидат поделени таму каде што треба. Моментно се одвива „Светиниколскиот турнир“ во мал фудбал од кој собраните средства ќе бидат наменети во хумани цели. Веднаш по Новата година го имаме и традиционалниот „Божикен ручек“ со „Детската амбасада за сите деца во светот“ каде се вклучени децата на бранителите, социјалните случаи и семејства кои згрижуваат деца без родители, рече Ристески.
Сузана Талимџиоска-Чурлиноска од општинскиот Црвен Крст објаснува дека волонтерите на „Црвениот крст“ цело време ќе бидат на пунктовите.
-Нашите волонтери ќе бидат присутни во сите поголеми маркети во градот, ќе им помагаат на граѓаните и ќе им ги дадат сите потребни информации. Основниот принцип врз кој се темели хуманитарата организација Црвен крст е хуманоста. Да се биде хуман значи радоста да се подели со другите луѓе и да им се помогне на другите. Ја користам оваа прилика да испратам повик до нашите сограѓани да бидат хумани како што и се, и масовно да се вклучат во акцијата, рече Талимџиоска-Чурлиноска.
 
 
23.12.2016 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега