Македонија окована во студ и мраз: Овие градови мрзнат

Утрово е кочан ладно. Најстудено е во Берово со измерени -6 степени, -5 Лазарополе, -4 Битола, -3 Дебар, Прилеп, Маврово, -2 Скопје Петровец, Претор, Крушево, Тетово, Охрид, -1 Пожаране, Крива Паланка, Штип, Демир Капија, 0 Струмица, Виница, Тополчани, Ѓуриште, 1 Куманово, 2 Скопје, 6 Гевгелија, Дојран.

Утринава во земјава преовладува умерено а во поголемиот дел облачно време, во Беровскиот регион има слаб снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска променливо облачно со  сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Во северните планински делови ќе има услови за провејување на снег. Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 6 до 13 степени.

 

Скопје Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 8 степени.

 
 
26.12.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега