Недела на празнични донации на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија традиционално на крајот на годината ја реализира неделата на празнични донации. Денеска беа доделени пакети со храна за народната кујна на македонската православна црква и над 150 пакети со прехранбени производи за социјално загрозените семејства од православна и исламска вероисповед.

„Во текот на целата година преку разни проекти ЕВН Македонија им помага на ранливите категории граѓани, но овие донации се симболична порака дека и кога им е потребна помош и кога треба да се прослави ние сме со нив“, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски. „Се надеваме дека овие продукти ќе ја надополнат нивната празнична трпеза“, додаде Ковачевски.

„Во народната кујна во црквата „Св. Петар и Павле” во населбата Ѓорче Петров топол оброк земаат 150 лица. За нив оваа донација е добредојдена“, вели Отец Ивица Тодоров, парохиски свештеник за ЦО „Св. Апостоли Петар и Павле“. „Пакетите со прехранбени производи ќе ги однесеме кај социјално загрозените семејства кои немаат можност да ја посетат кујната“, додаде Отец Тодоров.

evn-makedonija1

Претседателот на хуманитарната организација Хилал при Исламската верска заедница г. Мустафа Даути се заблагодари на донацијата. Тој посочи дека традицијата на делење на празнични донации заедно со ЕВН им значи многу на ранливите семејства. „Посакувам нашето партнерство да продолжи и натаму, но да имаме се помалку семејства кои ќе имаат потреба од донации“.

До крајот на неделата ЕВН Македонија заедно со Црвениот Крст на Македонија ќе организира заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Представа и новогодишни пакетчиња се подготвени за над 300 деца од ранливите категории во повеќе градови од земјава.

Празничната недела ќе заврши со учеството на ЕВН во манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ каде корисниците кои ќе победат на конкурсот за најубаво украсен двор, куќа, тераса и угостителски објект ќе бидат наградени со еднократно ослободување од плаќање на декемвриската сметка за електрична енергија.

 
 
26.12.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега