Утре снег, спремете ги чизмите - поларен студ во Македонија

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта, во северозападните делови има услови за повремен слаб локален дожд а на планините и повисоките места провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -2 до 5, а дневните од 5 до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во наредните денови ќе преовладува  претежно стабилно време, односно на места ќе има зголемена облачност со услови за појава на  слаб дожд, а на планините провејување на слаб снег.Ќе дува умерен до засилен а повремено и силен северен ветер, особено во среда и четврток кога ќе предизвика опаѓање на температурта на воздухот.

 
 
26.12.2016 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега