Дури сега ќе видиме што е студ - утрово кочан, еве каде е најстудено

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста, особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

Поради спуштањето на оваа студена воздушна маса во попладневните часови ќе има нагло опаѓање на температурите и врнежите од дожд на некои повисоки места на надморска висина од околу 600 метри во западните делови ќе поминат во снег. Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Минималните температури се движеа од  -5 во Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица и Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид и Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 Крушево, Дебар и Тополчани, 2 Крива Паланка, Скопје и Демир Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште и Гевгелија и 5 степени во Пожаране.

Врнежи се забележани само во Берово, а времето во текот на  ноќта беше умерено до значително облачно, поведро беше во југозападните и југоисточните делови. На места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да врне снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максимална температура до 7 степени.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.

 
 
27.12.2016 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега