За Нова Година -16: Доаѓа екстремно студен бран

Времето денес претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и доста студено време со повремено силен северен ветер кој нешто поизразен ќе биде на планините каде се очекува неговата брзина да достигнува и до 100 километри на час. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Во четврток утринските се очекува да се движат од минус девет до минус два, а максималните дневни од минус шест до два степена. Во среда се очекува да има провејување на слаб снег. Потоа, во следните денови врнежи не се очекуваат, а за време на викендот се очекува разведрување што ќе услови многу ниски утрински температури.

За новогодишната ноќ се очекува тие да се движат од минус 16 до минус осум, а дневните ќе бележат благо покачување. Во првиот ден од Новата година дневната температура се очекува да се движи од минус два до пет степени.

 
 
27.12.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега