Снегот се врати во Македонија: Еве каде вее во моментов

Снегот повторно се врати во Македонија. Во текот на утрово, слаби снежни врнежи се регистрирани на планинските врвови во западниот дел на Македонија. Слаб снег провејува на Маврово и на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде значително облачно, во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови каде на планините ќе се формира снежна покривка, а снег ќе има и на некои места повисоки од 600 метри надморска височина.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне долж Повардарието.

 
 
27.12.2016 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега